Македонските кошаркари вчера ги почнаа подготовките за олимпискиот пред-квалификациски турнир.
Добра вест за црвено-жолтите е што домаќинот на турнирот Естонија ќе им недостасува речиси комплетната прва петорка.
Селекторот на естонскиот тим, Јука Тоијала, доби негативни одговори и тоа важни кошаркари. Ќе ги нема на располагање главните ѕвезди во тимот како Малик-Калев Котцар, Сим-Сандер Вене, Кристијан Китсинг, Јанари Јесар, Мартин Дорбек и Стен Сок.
Така и Естонците кои вчера го започнаа подготовките, ќе настапат во значително променет состaв.
Тие ќе одиграат три контролни натпревари. На 3 и 4 август на гости им доаѓа селекцијата на Унгарија, а на 9 август ќе и гостуваат на Финска.
На турнирот што ќе започне на 12 август. Македонија и Естонија ќе се сретнат во второто коло на 13 август. Црвено-жолтите во првата рунда ќе играат против Израел, а во последното против Чешка.