Три екипи ќе ја преставуваат Македонија во новата сезона на кошаркарската АБА лига.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, битолски Пелистер и ТФТ ќе играат во второлигашката конкуренција на АБА.
И претстојната сезона АБА2 лигата ќе брои 14 екипи. Покрај македонските претставници во неа ќе играат и: Подгорица, Сутјеска, Цедевита Јуниор, Шибенка, Шенчур, Хелиос Санс, Златибор и Спартак Суботица, Борац Бана Лука и Широки Бријег,
Последниот учесник ќе го даде победникот од квалификациите во кои ќе играат Војводина – Спарс и Илирија – Босна.
Како и изминатите неколку сезони, така и оваа ќе се игра турнирски. Предвидени се шест турнири почнувајќи од 9 октомври, па се до 23 март за кога е закажано последното 14-ти коло. По него, на почетокот на април започнува разигрувањето со четвртфиналната рунда.
Првото македонско дерби е во рамките на 2.коло (11 октомври), а тоа ќе биде реприза од финалето на плеј-офот, МЗТ Скопје А. и Пелистер.
Во 4-тата рунда (15 ноември) ќе ги гледаме Пелистер и ТФТ. Дури во март месец (18) поседната македонска пресметка е меѓу МЗТ Скопје А. и ТФТ.