Екипата на Струга Трим Лум го продолжува своето европско лето во 2.коло од квалификациите за Конференциската лига.

На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, денес со почеток од 17 часот ќе ја угостат екипата на Будуќност од Подгорица.

Стружани по елиминацијата во квалификациите од Лигата на шампиони, ќе имаат поправен во третото по ранг натпреварување на УЕФА. Иако имаа одлична прилика за да го поминат првото коло, сепак скапо ги чинеше неискуството во европските натпреварувања.

Будуќност е одличен противник со кој може да се надигрува и да очекува пласман во следното коло. Во никој случај не треба да се потцени противникот и стружани треба да го дадат својот максимум доколку сакаат да се помине оваа пречка.

Реванш натпреварот е закажан на први август во Подгорица.