Тимот на Чави, по подобрата пенал серија, го победи Бетис во полуфиналето на шпанскиот Супер Куп.
Во регуларните 90-минути резултатот беше израмнет 1-1, а по еден гол беше постигнат и во продолженијата.
Трагичари во редовите на Бетис беа Хуанми и Вилњам Карваљо кои ги промашија своите удари од белата точка, додека пак во редовите на Барселона прецизни беа Левандовски, Кеси, Фати и Педри
Супер купoт се игра во Ријад, Саудиска Арабија, а финалето е закажано за 15 Јануари.
Ова ќе биде 16 Ел Класико во рамките на шпанскиот Супер Куп. Кралскиот клуб е поуспешен со 9 победи, на 4 натпревари се радуваше Барселона а две средби завршија нерешено