Давор Здравковски по 6 години во дресот на кипарски АЕЛ Лимасол се реши за нов предизвик во неговата кариера.
Тој потпиша две годишен договор со шкотската екипата Мадервел. Но, од клубот потврдија дека нема да е во тимот на следниот натпревар. Освен Бојан Мисоки сега ќе гледаме уште еден наш играч во Шкотскиот шампионат.
Здравковски потекнува од школата на Македонија Ѓорче Петров, а најголемите успеси ги има во АЕЛ Лимасон, каде што остави голема трага.
Ги има поминато сите младински репрезентативни категории, а за сениорскиот тим се уште чека свое деби. Тој беше на клупата на натпреварот против Фарски Острови.
Во Мадервел се задоволни што во наредната сезона ќе го имаат Давор во нивниот тим, а истакнаа дека тоа што е непознат за некои нивни симпатизери го прави уште повозбудлив овој трансфер.
После потпишувањето на договорот, Давор изјави дека ова е нов предизвик и ново поглавје за него и дека ќе го даде својот максимум за да се претстави во одлично светло.
Во новата екипа го задолжи дресот со број 17.