Кадетската репрезентација на Македонија (ракометари до 18 години) ги дозна противниците во квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи следното лето.
Македонските каде ќе играат во „Б“ групата во која ќе бидат нивните врсници од Швајцарија, Словачка и Косово.
Навидум, ова е лесен пат за нашите млади ракометари, да се вбројат меѓу 14 селекции кои ќе играат на првенството во Црна Гора.
Патот може да биде и дополнително олеснет доколку, РФМ реши да биде организатор на квалификацискиот турнир, што ќе се игра во јануари 2024 година.