Тетовчани во вистинска драма во Велс против Хаверфордвест доживееја елиминација од квалификациите  за Конференциска Лига.

Избраниците на Ардијан Нухиу влегоа со предност од еден гол од првиот натпревар и сосема очекувано беа ориентирани кон чување на својот гол.

Долго време се играше без голови, и Тетовчани речиси имаа пласман во свои раце. Сепак работите се искомплицираа во 89-тата минута кога Ли Џенкинс донесе предност за домашниот тим, со што натпреварот отиде во продолженија.

Победник немаше ни по 120 минути игра, па следуваа пенали. Пенал рулетот почна одлично за нашиот претставник. Кога противникот промаши а Красниќи погоди за 1:0. Сепак потоа следуваше катастрофални четири серии во кои Шкендија пистигна само еден гол а прими три, со што доживеа елиминација.

Фото: ФК ШКЕНДИЈА