Екипата на Македонија Ѓорче Петров е минимално поразена од РФС Рига. Во првиот натпревар од квалификациската рунда на Конференциската лига Македонија ЃП загуби со 1-0.
Победникот на натпреварот беше решен во првиот дел. По акцијата во 34-тата минута, српскиот интернационалец Андреј Илиќ го постигна единствениот гол на натпреварот.
Иако избраниците на тренерот Симов се обидуваа да стигнат до израмнување, особено во второто полувреме, резултатот остана ист.
Со тоа гостите од Литванија, па продолжија низата од дури 23 натпревари летово без пораз (19 победи).
Реваншот ќе се игра следниот четврток во терминот од 17.30 часот.