„Кралскиот“ клуб, Реал Мадрид по подобрата пенал серија, успеа да ја совлада Валенсија и да се пласира во финалето на Шпанскиот Супер Куп, што се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.
Откако, по 90-минути игра резултатот беше нерешено 1-1, а во продолжението немаше голови, во пенал „рулетот“ Реал имаше повеќе нерви и среќа.
Ерај Комерт и Хосе Гаја беа неуспешни во своите обиди за Валенсија, додека во редовите на Реал прецизно стрелаа Карим Бензема, Тони Крос, Лука Модриќ и Марко Асенсио, што беше доволно за победа.
Ова беше уште еден дуел на ученикот и учителот, Карло Анчелоти и неговиот некогашен играч, Џенаро Гатузо, кој му припадна на поискусниот стратег, Карло Анчелоти.
Кој ќе биде противник на Реал во финалето ќе дознаеме утре откако Барселона и Берис ќе го одиграат својот полуфинален натпревар.