Пред трката за ГН на Унгарија на патеката Хунгароринг, се случи возачка промена во тимот на Алфа Таури.

Имено, овој тим реши да му врачи отказ на Ник де Врис со далеку поискусен колега. Па така друштво на Јуки Цунода ќе му прави повратникот во Формула 1, австралијанецот Даниел Рикиардо, кој доаѓа како позајмен член од редовите на сестринскиот тим Ред Бул.

Отпишаниот Де Врис од почетокот на сезоната имаше слаби резултати бидејќи тој и Сарџент од Вилијамс немаат освоено поен досега оваа сезона. Овој тим се реши да го ангажира токму Рикиардо во составот бидејќи имал одлични времиња на последните тестирања на пневматиците во Силверстоун.

Минатата сезона беше дел од Мекларен, а оваа година е само резервен возач на Ред Бул.

Во кариерата има осум победи во Ф1 шампионатот. Неговиот прв предизвик во тимот на Алфа Таури ќе биде во Унгарија на 23. јули.