Еден од најуспешните Ф1 тимови во историјата, Вилијамс прославува голем јубилеј, 800 трки во Формула 1.

По тој повод на следните две трки ќе користи посебен дизајниран болид кој ги вклучува ознаките од 800 и британското знаме на капакот на моторот со кој ќе го прослави ова посебно историско достигнување.

Вилијамс во својата богата историја освои 9 титули кај конструкторите и 7 кај возачите, првата со Алан Џонс во 1980 година и последната со Жак Вилнев во 1997 година.

Последната победа им ја донесе Пастор Малдонадо на Шпанското ГП во 2012 година, а последен пат се бореа за титулата во 2003 година со Хуан Пабло Монтоја и Ралф Шумахер користејќи мотори на BMW и на крајот загубија од Михаел Шумахер од Ферари.

Оваа сезона Вилијамс се на 9-тото место кај конструкторите пред АлфаТаури, по одличното седмо место на Албон и шесте поени во Канада.

Основан е од Френк Вилијамс во далечната 1977 година и беше на чело се до 2020 година кога тимот го презеде американската инвестициска компанија „Dorilton Capital“.

Почина на крајот на 2021 година на 79-годишна возраст.

Томислав Атанасовски