Женската репрезентација на Македонија за одбојкарки до 17 години го претрпе вториот пораз на Балканското првенство што се одржува во Врњачка Бања, Србија.
Во натпревар од 2.ко,ло на групата Б, младите македонски одбојкарки се совладани од селекцијата на Грција во три сета (3:0).
Уште по првиот се виде дека противникот не случајно е еден од фаворитите за највисок пласман, па грчките одбојкарки го добија сетот со 25-12. Во следниот жолто-црвените освоија поен повеќе (25-13), но затоа третиот го загубија убедливо со само четири освоени поени (25-04).
Следен противник на македонските одбојкарки ќе биде селекција на Црна Гора против која ќе играат утре од 15 часот.