Македонската женска пионерска репрезентација за одбојкарки до 17 години е поразена во првиот натпревар на на Балканското првенство што се одржува во Врњачка Бања, Србија.
Во рамките од Б групата, нашите млади одбојкарки загуби од Турција со 3-0 по сетови 25:17, 25:14 и 26:24.
Кај победничката екипа се истакна Ислам Јилмаз со освоени 14 поени, додека во нашата репрезентација поентерски најдобра беше Ивана Милева со 11 поени, Наковска додаде 8, а Ѓорѓиевска 5.
Утре (15 часот) младите македонски одбојкарки ќе играат против Грција која денеска со 3-0 беше подобра од Црна Гора против која Македонија ќе игра во понеделник (15 часот).