Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ги дозна своите противници во елитната Лига на шампиони.
Битолчани ќе имаат тепка задача барем да обезбедат пласман во разигрувањето, а до него ќе стигнат само ако се меѓу првите шест тима во А групата.
По ждрепката тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ изјави
„Ни претстои сезона во која треба да уживаме и гордо и достоинствено да ги претставиме клубот, Битола и Македонија во европската елита. Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампионите и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме“, изјави Јовиќ.
Стартот на сезоната е закажан за 13-14 септември 2023 година.