По доаѓањето на Маурицио Покетино во Челзи, „сините“ од Лондон прават „чистка“ во составот за следната сезона. Но, голем број од играчите се упатуваат во Саудиска Арабија која им нуди огромни плати.

По потписот на Н’голо Канте со Ал Етихад, каде ќе игра со својот сонародник Карим Бензема, нови играчи на Челзи патуваат кон Саудиска Арабија.

Имено, Хаким Зијеш ќе му се приклучи на Роналдо во Ал Наср, Сенегалецот Едуард Менди ќе игра за новиот прволигаш Ал Ахли, а одбранбениот играч Калиду Кулибали ќе потпише за Ал Хилал.

По пристигнувањето на Роналдо во Саудиска Арабија, веќе почнаа голем број европски великани да му се приклучуваат. Останува да видиме дали оваа лига ќе стане една од најпопуларните во светот.