Шпанецот Хорхе Мартин од Прамак Дукати е победник на седмата Мото ГП трка што овој викенд се возеше во Германија на патеката Захсенринг.
Мартин во извонредна, динамична и трка која се реши во самиот финиш го победи италијанецот и лидер во првенството Пеко Бањаја за негова прва победа во оваа сезона, вкупно втора во неговата кариера.
Само (0.6) илјадити делови од секундата на крајот беше разликата помеѓу двајцата конкуренти кои во текот на целата трка се менуваа во водството.
Трет низ целта мина клубскиот колега на Мартин, французинот Зарко кој избори место на подиумот.
До 10-тото место се пласираа Марко Бецеки и Марини од тимот на ВР46 Дукати, Милер, Маркез, Бастианини, ГиАнтонио и Оливерира.
Па така сега во генералниот пласман Бањаја има 160 бода, пред Хорхе Мартин кој стигна до 144, додека трет е Бецеки со 126 бода.
Следната трка ќе се вози веќе следниот викенд на 25 Јуни кога на програмата е Холандското Гранд-при што ќе се вози на патеката Асен.
Томислав Атанасовски