По голема борба и пет одиграни сета македонската машка одбојкарска репрезентација е поразена од Хрватска. Во меч од 5.коло на Европската Златна лига одигран во Задар, Хрватска и Македонија повторно одиграа неизвесен и драматичен меч кој, за жал заврши со среќен крај за домаќините кои славеа со 3:2 во сетови.
Првиот сет напите одбојкари го одиграа во висок ритам и постојано го контролираа резултатот за на крајот да го добијат со пет поени разлика 25-20.
Во вториот сет сосема поинаква слика. Домаќините беа оние кои доминираа во секој сегмент под играта па до израмнување стигнаа со 25-17.
За третиот сет и водство од 2:1 се водеше голема борба за секој поен. Во завршницата се влезе со израмнето 20-20, а повторно домаќините беа оние кои беа по концентрирани па и тој сет го добија со 25-23.
Тоа како да ги разбуди нашите одбојкари кој одиграа фантастично во четвртиот сет па го добија со убедливи 10 поени разлика (25-10).
Во решавачкиот пети сет се водеше голема борба за секој поен. Имаа предност од 13-12, но наместо да го приведат сетот, а со тоа и мечот во своја полза, нашите одбојкари им дозволија на домаќините да освојат три поени во низа и добивајќи го сетот со 15-13, Хрватите го добија и мечот со 3:2.
Во последното коло закажано за во сабота, нашите одбојкари пред домашната публика во Скопје ќе играат против Украина која со денешната победа над Белгија со 3:0 е единствената селекција што има максимални 15 бодови.