Партизан ја пречекува Цедевита Олимпија во третиот решавачки натпревар за пласман во финалето на АБА лигата, во натпреварот што ќе се игра вечерва во Белград.

Во првиот дуел црно-белите победија пред своите симпатизери со 85:70 , додека Цедевита Олимпија го доби вториот два дена подоцна што се одигра во Љубљана со 95:83.

Победникот од третиот решавачки натпревар ќе игра во финалето на плејофот на АБА лигата во кое за противник ќе ја има Црвена Звезда.

„Имавме време да го подготвиме натпреварот. Знаеме се што беше лошо на натпреварот во Љубљана. Прво, неспоредливо подобро треба да го контролираме скокот, подобро да реагираме на нивните промени во одбраната и истовремено да ја имаме нашата агресивност“, изјави тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ.

Тренерот на Олимпија, Миро Алиловиќ , е свесен колку тежок предизвик го чека неговиот тим:

„Уште пред почетокот на полуфиналната серија имавме желба да стигнеме до третиот натпревар и ја исполнивме таа цел. Свесни сме дека дуелот во Белград ќе биде исклучително тежок. Кога ќе играте против подобар и по талентиран тим, треба да играте тимски пред се во одбраната, да ја контролирате играта на скокови, а во исто време да се обидете да ја поврзете играта и во напад“, Алиловиќ.

Вечерашната „мајсторката“ меѓу Партизан и Цедевита Олимпија ќе започне од 19 часот.

Претходно АБА лигата соопшти дека натпреварите од финалната серија ќе се играат од 12 до 22 јуни.