Швајцарскиот стручњак Жерардо Сеоан е нов тренер на Борусија Менхенгладбах, тоа денеска беше потврдено на веб-страницата на германскиот тим.

44-годинишниот Сеоан потпиша тригодишен договор со челниците на клубот, а на тренерското место го наследи Даниел Фарке.

Борусија Менхенгладбах ја заврши сезоната во Бундес лигата на 10-тото место со 43 бода, што не беше доволно за овој клуб да се пласира во евро-куповите.

Швајцарецот пред да дојде во Менхенгладбах последната работа ја имаше во тимот на Баер Леверкузен, со кој раководеше од јули 2021 до октомври 2022 година. Во својата тренерска кариера ги водеше и Јанг Бојс и Луцерн.