Фиорентина и Вест Хем Јунајтед последен пат освоија големо натпреварување на УЕФА во 1960-тите, едно долго чекање ќе заврши кога ќе се сретнат во финалето на Конференциската Лига во Прага.
Сличностите не завршуваат тука бидејќи и двата тима завршија во домашните шампионати завршија надвор од позициите што носат пласман во евро-куповите, па така победата во финалето е единствен начин и следната сезона да играат на европската сцена.
Фиорентина веќе испиша историја со тоа што стана првиот тим што стигнал до финалето на сите четири големи натпреварувања на УЕФА и сега ќе се обидат по втор пат да стигне до европски трофеј, откако тоа им успеа во далечната 1961 година со победата над Глазгов Ренџерс, додека останатите три финалиња ги загуби.
„Виолетовите“ навидум го оставија зад себе разочарувањето од Копа Италија против Интер како и настапот во Серија А . Она во што веруваат дека можат до конечен успех се одличните настапи на гостински терен (иако сега се игра на неутрален), односно дека ќе ја продолжат низата од шест победи во Конференциската лига надвор од Фиренца.
Финалето во Прага, очигледно е главна на Вест Хем. Тие завршија на 14-тото место во Премиер лигата, победувајќи само на два од последните седум првенствени натпревари, со што јасно ставија до знаење дека сите мисли на популарните „чекани“ се насочени кон дуелот со Фиорентина.
А, до финалето Вест Хем стигна на импресивен начин со 13 победи и само еден нерешен исход. но историски се мачеа против италијанските противници, така што ќе мора да пробијат нова патека за да ја подигнат втората европска титула во историјата.
Постарите навивачи на „Чеканите“ имаат лоши спомени од дуелите со италијански тим, бидејќи Палермо беше „кобен“ во двата финални дуели во Купот на УЕФА во сезоната 2006/07.
Исходот на финалето многу ќе зависи од двајцата најдобри стрелци во обата тима Артур Кабрал кој за Фиорентина постигна седум, односно Михаил Антонио, кој постигна шест гола за Вест Хем во Конференциската лига.
Кој ќе ја наследи Рома, односно кој ќе го освои трофејот во Конференциската лига ќе дознаеме по натпреварот што ќе започне во 21 часот.