Женската одбојкарска репрезентација на Македонија по подолг период се враќа со настапи на европската сцена.

Напите одбојкарки ги очекува деби настап во Европската Сребрена лига. 

Конкуренцијата ќе биде силна, но во таборот на нашата млада селекција не го кријат оптимизмот и мотивот да се надигруваат со селекциите на: Австрија, Естонија и Летонија. 

Во првите три натпревари нашите одбојкари ќе ги играат на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и тоа почнувајќи од сабота кога ќе ја пречекаат репрезентацијата на Австрија, по што во среда следува Летонија, а на крајот гостува Естонија
(КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА).

Нашата интернационалка Теа Терзиевска не го криеше оптимизмот и верува дека со поддршка од навивачите нашите одбојкарки ќе се прикажат во најдобро светло.