Бразилецот се жали на расизам! Но, срамен потег и на Винициус, па се бара драконска казна

Реал Мадрид загуби на гостувањето на „Местаља“ кај Валенсија, но она што беше видливо во текот на целиот меч беше нервозната однесување на еден од најобрите играчи на Реал Винициус Жуниор. 
22-годишнииот напаѓач, заработи црвен картон во седмата минута од судиското продолжение и тоа по сугестија на арбитрите во ВАР собата.

Во расправијата со домашните играчи, Винициус го удри Хуго Дуро, а тоа не им избега на камерите на главниот судија му го покажа патот кон соблекувалната. 

Претходно Бразилецот во неколку наврати се жалеше за неспортско, расистичко однесување на навивач на Валенсија.

Ова не е прв пат Винициус да биде мета на расистичко однесување на противничките навивачи но и играчи. Расизмот е проблем за шпанскиот фудбал“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Но, потегот кој го направи Винициус при неговото излегување од теренот, наиде на дополнителна реакција не само на присутните на „Местаља“ туку и на целокупната шпанска фудбалска и спортска јавност. 

Многумина, застанаа во одбрана на Винициус, но и многумина револтирани побараа дури и Шпанската фудбалска федерација, драстично да го казни Бразилецот.