Тимот на Гасперини не се откажува од Европа и со лесна победа над Верона се врати во игра за четвртата позиција.
Иако гостите изненадувачки преку Лазовиќ во 11-тата минута дојдоа до водство, сепак Аталанта брзо се врати и направи целосен пресврт.
По низа напади, Запакоста во 22-та минута изедначи на 1-1, резултат со кој заминаа и на полувреме.
Во вториот дел работите дојдоа на свое место, а домаќините со два гола, најпрвин преку Пашалиќ во 53-тата минута за предност од 2:1.
Прашањето на победникот го реши Хојнулд во 62-та минута кога трет пат ја затресе противничката мрежа.
Со оваа победа Аталанта дојде до 61 бод и остана во играта за Европа