Екипата на Ливерпул на својот „Енфилд“ успеа да извлече важен бод во 90-тата минута со голот на Фирмино, кој го игра својот последен натпревар пред симпатизерите на Ливерпул, и со 1:1 против Астон Вила, „црвените“ остануваат во трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
И покрај иницијативата на Ливерпул во првиот дел, гостите од Бирмингем успеаја да заминат на полувреме со предност од 1:0, а можеше да биде и поголема. Ибрахима Конате, направи пенал во 22-та минута, кој го промаши Оли Воткинс. Но, само 5 минута подоцна (27-та минута) младиот Јакоб Ремзи биеше за водство од 1:0 на Астон Вила.
Избраниците на Јурген Клоп во второто полувреме покажаа одлична игра и рано дојдоа до изедначување (1:1) преку Коди Гакпо (55-тата минута), но по интервенцијата од Вар собата голот беше поништен.
Делуваше дека фудбалерите на Унаи Емери ќе си заминат со три бода од „Енфилд“ се до 90-тата минута, кога нововлезениот Роберто Фирмино постигна гол за 1:1 и им ги врати надежите на своите соиграчи. По 10-те минути судиско продолжение дојде и крајот на овој натпревар, кој заврши со резултат – 1:1.
Ливерпул се наоѓа на 5-тата позиција со 66 освоени бодови, 3 помалку од Манчестер Јунајтед и Њукасл, но и натпревар повеќе од нив, додека Астон Вила со овој бод се искачи на седмото место.