Екипата на Нант чекори кон испаѓање бидејќи денеска во многу важен натпревар за нивен опстанок загубија од Монпеље (3:0).

Домаќините почнаа фуриозно со шанса во 5.та минута преку Лудовик Блас, но Бенжамин Лекомте го сопре неговиот ударот. Нант продолжуваа со напади, пробуваа да изградат акција од која ќе профитираат, но не успеаа во тоа.

Монпеље во 38.та минута преку Џордан Фери поведе со 1:0. Во третата минута од судиското продолжение во првиот дел на Монпеље му беше поништен гол преку ВАР поради офсајд.

Во второто полувреме во 47.та минута Арнауд Нордин постигна гол за 2:0. После вториот гол Монпеље превзема контрола на натпреварот, исто како Нант да не играше во него. Конечните 3:0 ги постави Фалаје Сако во 88.та минута.

Со оваа победа Монпеље се наместија на 12.та позиција со 47 бода по 36.то одиграно коло. Нант се на 17.та позиција, последна која води во Лиг 2 со 23 бода, само 1 бод помалку од Оксер.

Андреј Велјаноски