Tимот на Болоња запиша убедлива победа против Кремонезе и ги уништи сите шанси за евентуален опсатокот на противникот, кој со 24 бода, остана на претпоследната позиција и готово сигурно следната сезона ќе се врати во Серија Б, по само една сезона во елитата.
Голеада на гостите од Болоња ја отвори Арнаутовиќ во 14-тата минута, а ја продолжи Фергусон во 27-та.
Целосната доминација ја потврди Пош во 45-тата минута кога зголеми на 0:3.
Бламажата на Кремонезе ја продолжи Орсолини во 62-та минута а за “петарда” во мрежата на домаќините се погрижи Сансоне во 80-тата.
Почесниот погодок за Кремонезе го постигна Киофани во судиското надополнување за конечни 1:5.