Екипата на Виљареал со победата над Џирона завери место за Лига Европа следна сезона. Со триумф од 2:1 „жолтата подморница” го доби и директниот дуел за второто по ранг европско натпреварување.

Натпреварот беше отворен во 9.та минута по голот на Јереми Пино за 1:0. Џирона преку Давид Лопез во 24.та минута го изедначи натпреварот на 1:1. Јунакот на Виљареал на овој натпревар беше Жерар Морено кој во 94.та минута го постигна голот за 2:1 и важна победа на „жолтата подморница”.

Оваа победа значи и заверка на Виљареал на 5-та позиција каде директни ривали им беше токму Џирона и Бетис. така сега Виљареал кој е на 5.та позиција има 60 бода, додека Џирона на 7.та остана на 48 бода.

Виљареал следната сезона ќе играат во Лига Европа, а Џирона ќе се борат до последното коло за влез во Конференциската Лига.