Вечерва нé очекува интересен дуел помеѓу Севиља и Јувентус во полуфиналето од Европа Лига, а по претходното реми од минатата недела, во кое Јувентус се „спаси“ со гол во последните минути.
еден од клучните фудбалери на Севиља, Сусо верува дека неговиот тим е подобар и дека ќе помине полесно од претходниот натпревар, но шпанскиот репрезентативец не е сеуште опоравен за да одигра цел натпревар.
„Тренирав многу повеќе од вообичаеното во последните две недели. Не ми е прв пат да сум во ваква ситуација и знам колку е важен овој натпревар. Мислам дека ако се вратат сите од составот ќе бидеме подобри и ќе поминеме полесно од претходниот натпревар. Подобар сум сега, нормално не можам да изиграм 90 минути, но најважното е дека ќе дадам се од себе“, вели Сусо
Во стандардниот термин во 21 часот на „Рамон Санчез Пизхуан“ стадион ќе започне реваншот меѓу Севиља и Јувентус по кој ќе биде познат еден од финалистите во Лигата на Европа.