Манчестер Сити оваа сезона може да освои тројна круна. Им фалaт три бода за титулата од Премиерлигата, а играат и финале во ФА Купот и Лигата на шампионите.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола сака да оди чекор по чекор. По победата над Реал и пласманот во финалето на Лигата на шампионите, Шпанецот беше прашан дали Сити може до трите трофеи.

„Ајде да ги освоиме прво првите две. Блиску сме до Премиер лигата. А, во финалињата ќе играме против нашите соседи и прoтив италијански тим. Таму сме, фудбалерите може да размислуваат на тоа, да го замислуваат. Три натпревари се“, изјави Гвардиола.

„Граѓаните“ имаат четири бодови предност во однос на ривалот Арсенал, но и натпревар помалку од „топџиите“. Првата шанса за одбраната на титулата во англиското првенство ќе ја имаат веќе во недела кога пред своите навивачи го пречекуваат сезонава очајниот Челзи. Победа би им ја обезбедило новата шампионска титула во англиското првенство.

Следно на „менито“ на Сити ќе биде финалето во ФА Купот, закажано за 3 јуни, во кое пехарот ќе играат против градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

Тоа ќе биде и своевидно загревање за најважниот натпревар сезоната, финалето во Лигата на шампионите против Интер што избраниците на Гвардиола ќе го играат во Истанбул на 10 јуни.