Тимот на РБ Лајпциг направи спектакуларен пресврт во финишот и со 2:1 го совлада Вердер, победа со која се проби на третата позиција на табелата.
Домаќините први постигнаа гол преку Нкунку во 65-тата минута, но радоста на навивачите ја прекина ВАР технологијата, која сигнализираше прекршок, па голот беше поништен.
Ваквиот расплет им даде ветер во грб на гостите од Бремен, кои во 70-тата минута преку Битенкорт дојдоа до изненадувачко водство.
Кога делуваше дека Лајпциг ќе доживее изненадувачки пораз, сепак во финишот покажаа зошто се третопласирани и долго време беа во игра за титула.
Изедначувањето стигна во 87-та минута преку Вили Орбан, а целосен пресврт донесе Собослаи во 95-тата минута за голема радост на трибините.
Со оваа победа Лајпциг се проби на третата позиција и со 60 бода е во добра позиција да обезбеди настап во Лигата на Шампионите.