Волчицата на Мурињо повторно не успеа да победи во Серија А, па на гостински терен против Болоња одигра само 0:0 и ги загуби речиси сите шанси за топ 4.

Домаќините први се закани преку Рикардо Орсолини, кој во 18-тата минута направи одлична соло акција и се биеше кон противничкиот гол, но Руи Патрисио одлични одбрани.
Шест минути подоцна ја видовме првата сериозна шанса и на спротивната страна, кога гостите преку Белоти сериозно се заканија, но на висина на задачата беше Скорупски и го одбрани ударот на италијанскиот напаѓач.

Голманите имаа полни раце работа до крајот на полувремето, па видовме уште неколку добри одбрани.

Најголемата шанса за победа ја пропушти Тами Абрахам во 87-та минута кога од непосредна близина шутираше по средината на голот, па неговиот удар го скроти Скорупски и го сочува почетниот резултат 0:0.

Со оваа реми Рома остана на 59 бода, шест помалку во однос на Лацио на четвртата позиција и два помалку во однос на петопласираниот Милан.