На релито Дакар денеска на програмата беше втората етапа која со должина од без малку 590 километри.
Катарецот, Насер Ал Атихај членот на „Тојота Газо рејсинг“ тимот оствари најбрзо време од 5 часа и 26 секунди,. Што беше само за 14 секунди побрзо од Холанѓанецот, Ерик Ван Лон, додека повеќекратниот шампион и главен фаворит и годинава, Карслос Сајнц со своето Ауди, заостана 5.минути и 5.секунди зад победникот.
Сепак, Шпанецот, кој победи на вчерашната прва етапа, останува лидер во Генералниот поредок.
Во конкуренција на мотори победи Американецот, Мејсон Клејн. Членот на „Бас Ворст КТМ“ тимот иако имаше казна од 2 минути, сепак најдобро се снајде на оваа делница која ја мина во време од 5 часа 23 минути и 4 секунди, што беше за 1 минута и 9 секунди побрзо од Себастија Бухнер членот на „Хиро мотоспорт рели“ тимот.
Клејн го презеде лидерското место во Генералниот поредок со 1.минута и 41.секунд подобро вкупно време од Австралиецот, Тоби Прајс кој победи вчера, а денеска заврши како петто рангиран