Ракометниот спектакл во СЦ “Борис Трајковски” ќе влезе во историјата на македонскиот спорт, пред се ракометот, како еден од најубавите и нај величенствени спортски настани.

Над 6000-та публика имаше ретка можност, на едно место да ги види на дело ракометарите кои испишаа голем дек од историјата на овој спорт во Македонија, но и генерацијата која ги наследува и допрва ќе треба да ги повтори успесите на претходниците.

Она што секако ќе биде запаметено долго, долго, време, е интонирањето на македонската химна испеана од срце и со многу емоции, не само од ракометарите, туку и од над 6000-та публика присутна цо арената.

СЕКОЈА ЧЕСТ МАКЕДОНЦИ 🇲🇰