Трикратниот победник во кошаркарската Евролига, тимот на Олимпијакос потешко од очекуваното се пласира на завршниот „фајна-фор“ турнир во Каунас.
Екипа која регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место на табелата, мораше да одигра максимални пет натпревари за да го елиминира турскиот Фенербахче.
Салата „Мир и пријателство“ на Пиреа беше исполнета до последното место, 12.000 гледачи, кои долго по натпреварот заедно со играчите на Олимпијакос ја прославуваа победата и пласманот во полуфиналето.
Дека Олимпијакос ги има едни од нај „жешките“ навивачи потврдуваат и снимките, едноставно салата „гореше“.