Минхенски Баерн фати победнички ритам, па вечерва со 1-2 се радуваше на гостувањето кај Вердер Бремен. Со оваа победа  избраниците на Тухел останаа на првата позиција во Бундес лигата.

Резултатот го отвори Гнабри кој во 62.минута  донесе водство за ,,баварците”.

Неполни 10.минути подоцна Сане со одличен погодок повторно ја затресе противничката мрежа и го зголеми водството.

Домаќините во 86-тата минута преку Шмит намалија на 1-2  и ги вратија надежите за евентуално реми, но сепак Баерн мудро го чуваше својот гол и се радуваше на победата.