Екипата на Лил загуби на гостувањето кај Ремс (0:1) и го губи чекорот со Монако во трката за 4.место на табелата во Лига 1, што носи пласман во Лига Европа следната сезона.

Натпреварот беше решен во првото полувреме со голот на Маршал Мунтеси во 21.та минута. Јунија Ито постигна гол за 2:0 во 39.та минута, но голот му беше поништен поради офсајд. Во второто полувреме Лил напаѓаше, Ремс се бранеше и до крајот се одбрани од сите налети на Лил и си замина со триумф.

Лил изгуби значајни бодови во трката за Лига Европа, со поразот ова коло остануваат на 5-та позиција со 59 бода, два помалку од Монако кој има натпревар помалку. Воедно Лил сега им дава шанса на Рен (56) и Лион (53 и натпревар помалку) да ја загрозат петата позиција и да останат без настап на евро-сцената.

Андреј Велјаноски