Со победа од 1-2 против Фулам, Манчестер Сити успеа да го преземе првото место во најсилната англиска лига, Премиер Лигата
Уште на самиот старт во третата минута Халанд од пенал успеа да го постигне неговиот 34 гол што се изедначува со Ширер и Кол во титулата за најмногу голови во една сезона.
Сепак домаќините не се откажаа и со помош на Вилсон кој асистираше на Карлос Винициус во 15 минута успеа да го изедначат резултатот.
Во 36 минута Бернд Лено повторно беше матиран, овојпат од младиот Алварес кој со шут од далечина го врати водството за ,,граѓаните”.
Тимот на Гвардиола имаше доста шанси на натпреварот, но резултатот на крај остана ист.
Ова е 10 победа по ред на Сити во Премиер лигата со што ја одзема првата позиција на Арсенал од кој имаат еден бод повеќе.