Екипата на Водно Санс ќе игра во финалето на Европската младинска лига (EYBL), за кошаркари до 17 години.
Во интересен и неизвесен натпревар, кој беше решен во последните секунди, македонскиот претставник, воедно и домаќин на завршниот „супер финален турнир“ стигна со победата во полуфиналето над италијанскиот претставник Унибаскет Ланчиано со поен разлика 71-70.
Јунакот на Водно беше Филип Стојановски кој на три секунди до крајот постигна кош за водство од 71-68. Гостите од Италија го имаа последниот обид за израмнување, но по не реализираниот шут за три, двата постигнати поени не сменија ништо, па сосема заслужени младите кошаркари на Водно Санс се радуваа на победата и пласманот во финалето.
Утре во дуелот за трофејот што започнува од 13 часот, а се игра во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, Водно Санс за противник ќе го има белградскиот им Младост Земиун, кој вчера го победија со 104:86.
Се надеваме дека овие млади момчиња ќе ја повторат вчерашната партија и ќе стигнат до шампионскиот трофеј во ова натпреварување.