Борбата помеѓу третиот на табелата, Унион Берлин и шестиот, Баер Леверкузен заврши со 0-0, така што останаа на нивните позиции.

Натпреварот се одвиваше бавно со минимални шанси од обете екипи.Најголемата шанса дојде во 86 минута кога Бакер по одличен центаршут успеа да бие со глава кон гол, но таа шанса беше успешно одбранета од голманот на Берлин, Роноу.

Со крајниот резултат реми, Унион Берлин останува на третото место изедначен со бодови со Фрајбург кои се на четврто место.