Машката ракометна кадетска репрезентација на Македонија е поразена од соодветната селекција на Хрватска во првиот од вата контролни, пријателски натпревари.
Информациите од Прелог, велат дека во првото полувреме, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ одиграле подобро од противникот, па затоа на одморот црвен-жолтите заминале со три гола предност 12-9.
Но, во вториот дел, домаќините ја преземале контролата над играта и резултатот, за на крајот младите хрватски ракометари да слават победа со 27-22.
И утре во истото време, овие две селекции ќе одиграат уште еден натпревари, а тие се во рамките од ЕХФ неделата, која кадетската репрезентација ќе послужат како дел од подготовките за летниот настап на Светското првенство, чиј домаќин ќе биде токму Хрватска.
Овие натпревари се и добра можност да селекторот Раде Стојанивиќ да им даде шанса, но и да испроба повеќе ракометари кои се најдоа на неговиот поширок список.
Инаку Македонија на Мундијалот што ќе се одржи во периодот од 2 до 13 август ќе игра во Ф групата во која за противници ќе ги има врсниците од Норвешка, Црна Гора и Грузија.