Во женското одбојкарско првенство на Македонија, вечерва ќе се одигра третиот натпревар во финалето, меѓу Работнички Скопје и Јанта Волеј.
Предноста на домашниот терен се покажа како клучна во првите две средби, по кои резултатот е израмнет на 1:1 во победи.
Овојпат, улогата на домаќин ќе ја има актуелниот бранителот на шампионското трофеј од лани тимот на Работнички Скопје, во мечот што ќе се игра во големата сала на СЦ „Борис Трајковски“, а ќе започне до 20 часот и 15 минути.
Шампионскиот трофеј ќе го освои тимот што ќе оствари три победи.