двете најдобри екипи и главни претенденти за трофејот во Евролигата Олимпијакос и Барселона со убедливи победи го започнаа плеј-офот.

Грчкиот тим пред своите симпатизери во Атина го победи Фенербахче со 79:68. Олимпијакос до победата стигна благодарение на петте тројки на Ајзеа Кенан кој дуелот заврши со 18 поени, иако Везенков постигна поен повеќе.

Кошаркарите на Барселона ја декласираа екипата на Жалгирис совладувајќи ја со 22 поени разлика 91:69.

Дури пет играчи во тимот на Барселона остварија двоцифрен учинок и тоа Шанли 17, Миротиќ 15, Јокубаитис 12, а Абринес и Ќурич постигнаа по 10 поени.

Следните натпревари, во серијата подобар до четири победи, на програмата се во петок, повторно во Атина и Барселона.

вечерва пак, се играат вторите натпревари во Мадрид и Монако каде гостинските екипи на Партизан и Макаби ќе влезат во овие дуели со предност од 1-0 во победи.

ЧЕТВРТИНАЛЕ

ЧЕТВРТОК
20.15 МОНАКО – МАКАБИ Т.А. (0-1)
20.45 РЕАЛ МАДРИД – ПАРТИЗАН (0-1)
*Следните два ќе се играат во Тел Авив и Белград