Во втората Македонска фудбалска лига продожува битката за влез во прва лига. Четирите најсериозни кандидати за тоа Воска, Гостивар, Вардар и Пелистер запишаа победи на денешните натпревари.

Црвено-Црните избраници на Грнчаров беа убедливи на домашен терен и со 3-0 го совладаа Караорман. Стрелци на головите за Вардар беа Жоглев, Николовски и Митев. Со оваа победа Вардар остана во чекор со водечките два тима и со тоа ја задржа шансата за директна промоција во Прва Лига.

главниот конкурент на Вардарци за бараж или евентуална промоција во Прва Лига, Пелистер, исто така освои полн плен на домашен терен каде со 2-0 го победи Караорман од Струга. Христијан Стојановски и Бојан Спирковски се запишаа во листата стрелци.

Лидерот на табелата Воска, иако потешко од очекувањата, сепак успеа со 1-2 да го победи Кожув на гостински терен и да остана сигурен на првата позиција и речиси сигурна промоција во ПМФЛ.

Во чекор со лидерот остана и екипата на Гостивар, која со 0-2 го совлада Арсими. И двата гола гостите ги постигнаа во вториот дел а автори на истите беа Симе Христов и Антонио Калановски.

ТАБЕЛА
1. ВОСКА СПОРТ 65 бодови
2. ГОСТИВАР 61
3. ВАРДАР 59
4. ПЕЛИСТЕР 53