Јувентус можно е покрај се што им се случи и да не играат во европските натпреварувања следната сезона.

Иако минатата недела во Торино се славеше поради враќањето на одземените бодови, сепак во УЕФА се разгледува можноста „Старата дама” да не учествува во европските натпреварувања поради фалсификување на капитал од нивните трансфери.

Во јануари, на Јувентус му беа одземени 15 поени, откако ги осудија за виновни за претходно наведените зделки, но минатата недела одлуката беше поништена. Највисокиот спортски суд во Италија го преразгледува случајот и казни може да има во понатамошниот период.

Поништувањето на одлуката ги врати Јувентус од 7-ма позиција на 3-та, а со тоа ги врати во конкуренција за место во Лигата на Шампиони.

Иако сеуште постои и шанса Јувентус да ја освои и Лига Европа каде што се во полуфиналето и за противник ја имаат Севиља. Документите се моментално на Јавниот Суд во Торино каде што се стрмат да дојдат до конечна одлука за случајот „Јувентус”.

Како што ќе се развиваат настаните во Торино ќе добијат разврска на крајот на Јуни, бидејќи тогаш мора да се готови листите за претставници од државите во европските натпреварувања.

Андреј Вељаноски