Иако полека привршува сезоната во машката Супер лига, сепак во тимот на Охрид пристигна нов ракометар.

Станува збор за Хрватот, Рудолф Ѕвонимир Сафранко, кој потпиша 2 годишен договор со ГРК Охрид.

22 годишниот хрватски интернационалец, (196 цм, 99 кг) игра на позиција лев бек. Тој доаѓа од тимот на Цирих (Швајцарија) со просек од 6.1 голови по натпревар. Сафранко ја започнал својата кариера за РК Загреб, потоа настапувал за екипата на Умаг, Добова (Словенија) пред да замине во тимот од Швајцарија.

Зад своето име има впишано над 20 настапи за сите младински категории на Хрватската репрезентација.

Охрид кој е на петтото место на табелата, со два бода помалку од Тиквеш, е во трка за четвртото последно место што води на европската сцена, а во последните три кола Охриѓани ги очекуваат два домашни натпревари со Пролет и Еурофарм Пелистер односно во последното играат со Бутел во Скопје.