Со одигрувањето на реванш дуелите од четвртфиналето кои донесоа големи возбудувања, познати се двојките за полуфиналната рунда во Лигата на Европа.
Според многумина, дуелот меѓу Севиља и Јувентус ќе го понесе приматот „финале пред финалето’.
Севиља со моќна игра успеа лесно да се справи со Манчестер Јунајтед. Уште во првото полувреме стигна до водство од 1:0, а во второто само го зголеми за конечни 3:0.
Историјата вели дека кога Севиља ќе помини четврт-финале таа го освојувала ова натпреварување.
Од друга страна Јувентус успеа да ја сочува предноста од првиот натпревар и да одигра 1:1 во Лисабон, со што си закажа полуфинале со Севиља. Италијанците дојдоа до рано водство, но набрзо Спортинг успеа да изедначи и да го постави конечниот резултат.
Жозе Мурињо ќе биде дел од ново европско полуфинале.
Рома успеа да ја совлада екипата на Феенорд и да избори ново европско полуфинале. Ова беше реприза од минатогодишното финале во Конферециската лига, а Феенорд не успеа да се реваншира. Римската „волчица“ ја надополни предноста од првиот натпревар и со 2:1 славеше во регуларниот дел. Во продолженијата Рома успеа да постигне уште два погодоци и со 4:1 да се пласира во полуфинале.
А, во него за противник ќе ги има „фармацевтите“ од Леверкузен.
Баер Леверкузен како препороден со Чаби Алонсо на клупата избори полуфинале во Лига Европа. Германците иако дома не успеа да слават сепак на гостински терен одиграа маестрална партија и со 1:4 го добија незгодниот противник. Во полуфиналето ги очекува екипата на Рома.
Останува да видиме дали искуството на Мурињо или умешноста на Алонсо ќе биде клучно за пласман во финале.
Двата полуфинални дуели се закажани на 11-ти и 18-ти мај, додека финалето ќе се одигра на 31 мај во Будимпешта.
Филип Василевски