Тимот на Филаделфија го дели само уште една победа од пласман во полуфиналето на Источната конференција во НБА плеј-офот.

„76-ките“ и трет пат беа подобри од Бруклин со што поведоа со 3:0 во победи во серијата подобар до четири.

Филаделфија славеше на гостувањето во Њу Јорк со 102-97 во натпревар полн со тензии. Кандидатот за МВП на регуларниот дел од првенството, Џоел Ембид кој средбата ја заврши со даб-дабл со 14 поени и 10 скокови во раната фаза на натпреварот со нога го удри противничкиот играч Клекстон за што заработи само неспортска грешка.

Џејмс Харден беше втор стрелец во победничката екипа со 21 поен, но предвреме го заврши натпреварот откако со лакт удри противнички играч. Дали ќе има суспензија за популарниот „брада“ на следниот натпревар останува да видиме.

Гостинска победа оствари и Феникс кој во Лос Анџелес го совлада тимот на Клиперси со 129-124 со што направи „ри-брејк“ па „сонцата“ сега водат со 2:1 во победи.

Девин Букер и Норман Пауел имаа фантастичен настап. Гостинскиот кошаркар Букер средбата ја заври со 45, а Пауел постигна три помалку за домаќините за кој РАсел Вестрбрук оствари дабл-дабл со 30 поени и 12 скокови на кои додаде 8 асистенции, но тоа се покажа како не доволно за кончен успех на „Клиперси“.

Шампионот Голден Стејт конечно се израдува на триумф над Сакраменто. „Воините“ пред своите симпатизери славеа со 114-97 и ја намалија предноста на „Кингси“ на 1:2 во победи.

Стеф Кари со 36 и Ендрју Вигинс со 20 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека Деарон Фокс беше нај истакнатото име кај гостите со 26 поени и по 9 скокови и асистенции.