Немања Гудељ како и целата дружина на Севиља игра необично и променливо, но тоа не ги спречи да изиграат со ладна глава на дуелот со Манчестер Јунајтед и со реми да се вратат во Андалузија.
Севиља кога и да играла во четвртфинале во Лига Европа, била победник, па дали таква судбина ќе имаат оваа сезона останува да видиме.
Немања Гудељ даде изјава пред дуелот со Јунајтед и делува дека во неговиот тим не само што владее подобра атмосфера за разлика од почеток на сезоната, туку и дека доста се самоуверени во своите квалитети.
„Многу сме самоуверени. Како што ни кажа и тренерот, поседуваме многу квалитет. За време на негативата на Олд Трафорд имавме ладни глави и успеавме без паника да се вратиме на натпреварот. Севиља секогаш сака да победува. На почеток на сезоната, да, беше тешко. Имаме квалитет и во него веруваме. Секој натпревар до крај за нас е финале, па така ќе го третираме и овој со Јунајтед”,
посочи Гудељ
Дали Србинот знае што зборува или навистина Севиља поседува толкав квалитет ќе покажат утрешните 90 минути, а ако судиме по историјата изгледа знае што збори Гудељ, потенцирајќи дека сите знаат што значи Лигата на Европа за тимот на Севиља.
Андреј Вељаноски