Ерик Тен Хаг неможе да крене глава од повреди, поготово во клучниот дел на сезоната каде Јунајтед несмее да потфрли. Повреди може има, ама Холанѓанецот како и секогаш е оптимиста за својата екипа.

Запрашан за тоа што очекува од неговата екипа политички, одговори како што му доликува на еден тренер.

„Мора да имаме мотивација и да ја искористиме како алатка и тоа да ја исконтролираме најдобро. Во големи натпревари како овој, мора да знаеме како да го користиме. Мора да имаме фокус за натпреварот и да изиграме најдобро. Нашата организација низ цел терен е прилично добра. Мораме да се подобриме во напаѓањето и верувам дека вечерва можеме да дадеме голови“, посочи Тен Хаг.

Политички или не Ерик Тен Хаг е ученик на Пеп Гвардиола, знае како да победува и знае како да се однесува, имаше магија во Ајакс за нокаут фазите дали ја поправа атмосферата во Јунајтед полека покажуваат резултатите сезонава.

Андреј Вељаноски