Кошаркарите на Работнички ја продолжуваат победничката серија во македонската Супер лига. Во натпревар од 8.коло вечерва во салата „Лазар Лечиќ“ Работнички ја впиша и осмата победа. Тимот од Градски парк славеше во дуелот со ТФТ со 103-84.
Работнички го направи во втората четвртина, која му припадна со 26-17 за комотни 47-34 на полувремето. Во продолжението се играше брза и ефикасна кошарка, а домашниот состав без проблеми ја контролираше играта и ја зголеми предноста. Второто полувреме донесе дури 106 поени на двете страни, но Работнички повторно беше подобар со 56-50 и рутински стигна до стотката.
Главното оружје на лидерот во македонската кошаркарска елита беше неверојатниот шут од далечина, со дури 22 погодени тројки од 43 обиди.
Незадржлив беше Виктор Ефремовски, кој реализираше 29 поени со осум тројки, надополнети со четири асистенции и два скока. Извонредна партија прикажа Дамјан Робев со 17 поени, осум скока, шест асистенции и пет прецизни удари зад линијата 6,75. Дарин Говенс додаде 16 поени, осум асистенции и седум скока, додека Кристијан Николов уфрли 15 поени. Во редовите на ТФТ Скопје доминираше Секу Сила со импресивен дабл-дабл учинок од 26 поени и дури 21 скок.
Ова беше првиот од четирите денешен натпревари од ова коло, по што ќе следува репрезентативна пауза.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | И | кош +/- | Б |
|---|
































